Во Црна Гора се гласа за нов парламент

Од:

514.055 црногорци денеска  ја избираат новата власт.

На деветите парламентарни избори, по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и трети по прогласувањето на независноста во 2006 година, се натпреваруваат  13 политички субјекти: седум коалиции, пет партии и една група граѓани.

Исходот од денешното гласање ќе го направи распоредот на  81 столче во собранието.

Избирачките места, според законот,  се отворија во 7 часот утринава и ќе се затворат во 20 часот по локално време.

Според сите очекувања и најави ќе има  уште една убедлива победа на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на  Мило Ѓукановиќ. Тој е единствениот лидер на Балканот, чија партија победува на сите избори од почетокот на распадот на поранешна Југославија, во 90-те години.

Според анкетите, коалицијата на Ѓукановиќ „Европска Црна Гора“, кон која се приклучи и Либералната партија, ќе освои најмногу гласови на изборите , или околу  47 проценти наспроти 40 проценти за сите други опозициски партии. Сепак аналитичарите предупредуваат дека се можни и изненадувања.

ДПС одлучи да свика избори шест месеци пред крајот на мандатот на сегашниот парламент со цел да добие нов  мандат, што ќе и овозможи да ги води важните преговори со Брисел. Оваа година Црна Гора ги почна преговорите за приклучување кон ЕУ.

Главните противници  на владеачката коалиција се новоформираната коалиција „Демократски фронт“ на поранешниот шеф на дипломатијата Миодраг Лекиќ, кој се очекува да добие околу 20 проценти од гласовите, и Социјалистичката народна партија (СНП). Оваа партија, чиј лидер е Срѓан Милиќ, досега беше најсилната опозициска партија.

Изборниот процес го набљудуваат домнашни невладини организации, ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

 

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силно невреме во Црна Гора, туристи и локални жители минуваат низ големи езерца

Горан Наумовски