Германија бара ЕУ референдумот во Британија да се организира во 2016 година

Од:

Иако официјален Берлин е против организирање на референдум за останување на Велика Британија во ЕУ, сепак откако неговото одржување стана извесно Германија сака истиот да се случи наредната, а не во 2017 година, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Причината е побзо да се елиминира неизвесноста за британското членство во ЕУ. Планираниот референдум во 2017 година ќе предизвика дополннителни главоболки и ќе влијае на ситуацијата во другите земји членки како на пример на изборите во Германија истата година. Затоа во Берлин се бара референдумот да се случи во 2016.

„Доколку ситуацијата се влече предолго неизвесноста ќе расте“ вели Аксел Шефер заменик претседавач со комисијата за Европски прашања во германскиот парламент. Пратеникот од социјалдемократите кои се коалициони партнери на партијата ЦДУ на Меркел смета дека ран референдум е добредојден за Германија. Со него се согласува и Јирген Хардт од партијата на Меркел кој смета дека и за британскиот премиер Камерон е стратешки важно да го реши овој проблем побрзо.

За првиот човек на комисијата за надворешни работи во бундестагот Норберт Ретеген Велика Британија треба да одлучи кога ќе организира референдум. Тој вели дека Камерон никогаш нема да ги разубеди евроскептиците во неговата земја а од излезот на Британија од ЕУ ќе загубат Британците, ЕУ, Германија но и САД.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија