Од денеска до 25 овој месец може да се доставуваат апликации за учество на Фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2015“.
На повикот што го објави Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) може да учествуваат сите физички лица и/или правни лица. Се поттикнува учество на млади талентирани и креативни индивидуалци кои имаат конкретни производи или услуги, од областа на креативните индустрии, чија цел ќе биде изложбена во рамки на годишната програма и фестивал „Скопје креатива 2015“.
Критериуми за оценување се уникатност на предложената идеја, високо ниво на иновативност и креативност во осмислување на бизнис идеите и лесна изводливост.
Скопје Креатива е фестивал на креативни индустрии, во организација на Конгресен Центар Александар Македонски, под покровителство на Град Скопје