Поранешни и сегашни владини службеници од Романија и Бугарија имаат забрана за влез во САД

Од:

Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Ли на сослушување во американскиот Конгрес изјави дека поранешни и сегашни владини службеници од Романија и Бугарија добиле забрана за патување во САД поради корупција, пишува денеска весникот „Романија либера“.

Американската амбасада во Букурешт вчера потврди дека неколку романски официјални претставници, обвинети за корупција, имаат забрана за влез во САД. Од американската амбасада, сепак не се откриени имињата на лицата, наведува весникот.

Романското Министерство за надворешни работи, исто така, реагираше, бидејќи не било информирано во врска со забраната, наложена на романски граѓани за влез во САД, пренесува БТА.

Хојт Ли таквата изјава ја направи во рамки на сослушувањето во вторникот на подкомисијата на Претставничкиот дом за европски и евроазиски прашања и за оценка на ризиците во идните односи меѓу САД и Унгарија. Сослушувањето е одржано во контекст на влошувањето на односите, предизвикано од авторитарниот пат на владата на Виктор Орбан и од одлуката на Стејт департментот да забрани влез на американска територија на шестмина унгарски официјални претставници, меѓу кои најпознато е името на раководителката на унгарската даночна служба Илдико Вида, пишува „Романија либера“.

На сослушувањето Хојт Ли бил запрашан дали САД не применуваат двоен стандард кон Унгарија во споредба со Романија и Бугарија. Одговорот на Ли бил дека не може да станува збор за различни стандарди во ситуација, кога постојат поранешни и сегашни романски и бугарски владини претставници, кои добиле забрана за патување во САД поради корупција.

„Романија либера“ наведува дека изјавата на претставникот на Стејт департментот е апсолутна новина, бидејќи досега се знае само за еден случај на забрана, за поранешниот премиер Адриан Настасе.

Според весникот романската влада е должна да побара официјално да бидат објавени имињата на одговорните романски претставнииц, кои добиле забрана за влез на американската територија, бидејќи во спротивно единствениот заклучок е дека владата на Понта крие корумпирани лица, кои се непожелни од најголемиот стратешки партнер на Романија.

Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Ли изјави на сослушувањето во Конгресот дека не може да ги објави имињата на лицата, кои имаат забрана, туку само нивниот број.

Премиерот Виктор Понта изјави дека не располага со информации според кои владини службеници имаат забрана за влез во САД, поради корупција или разузнавачки активности.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Претседателски избори во Романија

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски