Мировните преговори за Јемен ќе почнат следната недела во Женева, како што беше предвидено, соопштија Обединетите нации.
Лидерот на бунтовниците Хути, Абдул Малек ал Хути во меѓувреме го поддржа почетокот на преговорите, нарекувајќи ги „единствено решение“ за конфликтот, кој во март изби во оваа арапска земја и во која досега загинаа над 1.800 лица.
Амбасадорот на Јемен во ОН, Халед Алиемани изјави дека Владата на претседателот Абд Рабо Мансур Хади, која дејствува во егзил во соседна Саудиска Арабија ќе биде претставена на високо ниво, можеби од заменик-претседател.