САД ќе му достават на Ирак илјада противтенковски ракети

Од:

САД планираат да му достават на Ирак илјада противтенковски ракети за да им помогнат на ирачките власти во борбата против џихадистите од Исламска држава, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Според информациите на весникот тоа оружје е наменето за операции во кои ирачките војници ќе уништуваат автомобили, наполнети со експлозиви и управувани од бомбаши-самоубијци.

Исламската групација често пати користи автомобили-бомби во своите напади. ИД ја употреби оваа тактика и во преземањето деновиве на Рамади, главен град на западната ирачка провинција Анбар.

Се очекува американските ракети во Багдад да пристигнат на почетокот на јуни.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак