Седум лица загинаа, а дваесетина се повредени во судирот меѓу вооружените групи во Тлакотепек, јужно Мексико.
Локалното обвинителство соопшти дека судирот бил меѓу професионални убијци и оти повредени се најмалку 20 луѓе.
– Ниту еден припадник на сојузните ниту на државните вооружени сили не е вмешан, изјави секретарот на Владата на државата Гуереро, Дејвид Циенфуегос.
Тој посочи дека Тлакотепек е еден од главните мексикански региони каде се одгледува афион.