Црвениот крст ги посети заробените руски војници

Од:

Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера ги посети двата руски војници, кои за време на викендот беа заробени во Источна Украина. Руските војници се во болница во Киев.

– Екипа на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, вклучително и лекар, денеска ги посети двајцата мажи, заробени на 17 мај во близина на Шчастија во регионот на Луганск и потоа беа одведени во Киев. Целта на посетата е да се утврди нивнатѕа состојба и да им се помогне да воспостават контакт со нивните семејства, изјави портпаролката на Црвениот крст, Џенифер Тобиас.

Киев ги покажа заробените руски војници, на кои ќе им се суди за „терористичка дејност“. Нивното покажување е со цел да се докаже учеството на руската армија во конфликтот во Источна Украина. Тие се претставени како капетан Ерофеев и водник Александров. Новинарите можеа да влезаат во нивните болнички соби во придружба на претставници на украинските служби за безбедност.

Руските војници вчера беа посетени и од претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, на „Амнести интернешнл“ и на Европската унија.

Русија демантира дека воено ги поддржува проруските сепаратисти во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите