Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во републичкото Собрание за денеска се закажани седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за култура, за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем треба да расправа за годишните извештаи за работата на Советот на јавните обвинители и на Судскиот совет за 2014 година и за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и за спречување на корупцијата, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања  е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите, во прво читање, а на Комисијата за транспорт Предлог-законите за изменување и дополнување на законите за воздухопловство и за превоз во патниот сообраќај, во второ читање.

Членовите на Комисијата за култура, пак, треба да расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на законите за музеите и за библиотеките, во второ читање.

За точките од дневниот ред на комисиите за политички систем, за транспорт и за култура треба да се изјасни и Законодавно правната комисија, пред која се и барањата за давање автентично толкување на член 9 став 1 точка 2, а во врска со член 4 став 2 точка 1 од Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, поднесено од пратеникот Реџаил Исмаили и на член 20 точка 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на Општина Демир Хиса, како и исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за култура и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година. Ребалансот на Буџетот за 2013. е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор, во второ читање.

На седницата на Комисијата за европски прашања е четвртото продолжение на надзорната расправа „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош – ИПА во Република Македонија“, што почна во јули 2013 година.

Комисија за култура ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права во второ читање и Предлогот за основање на работна група на оваа Комисија.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите