А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фирмата ЕЛТРА која со Латас ја поврзуваше СДСМ, ќе го осветли и кружниот тек во Железара

by А1он20/05/2015 - 15:2420/05/2015 - 15:27375
Share0

Новиот кружен тек кој ќе се гради на влезот во Железара кај стадионот на Металург ќе го осветли фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ.

Добивај вести на вибер

Screen Shot 2015-05-20 at 15.18.27

Screen Shot 2015-05-20 at 15.19.01

Фирмата го добила тендерот за изградба на јавното осветлување на кружниот тек. Град Скопје за оваа услуга на ЕЛТРА ДООЕЛ ќе и плати 3.097.104 денари или 50.000 евра со вклучен ДДВ.

Договорот град Скопје и фирмата ЕЛТРА го склучиле на 12 месецов а до бирото за јавни набавки го доставиле на 18 мај.
Фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ, СДСМ ја поврза со главниот и одговорен уредник на телевизја Сител, Драган Павловиќ-Латас.
Портпаролот Петре Шилегов минатата година обвини дека фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ ја управува сопругата на братот на Драган Павловиќ-Латас.

Шилегов на пресконференција тврдеше дека фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ од општините со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ добила тендери вредни 3 милиони евра.

„Конкретно, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, со којашто управува сопругата на братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери тешки неверојатни околу 2 милиона и 900 илјади евра“, изјави Петре Шилегов минатата година.

Новиот кружен тек помеѓу населбите Железара и Автокоманда градот Скопје го правдаше поради честите сообраќајни незгоди кои се случуваат на овој потег.

“Град Скопје, согласно своите заложби за растоварување на сообраќајот, намалувањето на концентрацијата на штетни честички во воздухот, како и во функција на зголемување на безбедноста, отвори постапка за избор на изведувач на кружна крстосница на улицата 16-та Македонска бригада. Кружниот тек ќе се гради меѓу улиците 16-та Македонска бригада, Коце Металец и влезот во Железарницата”, посочија од град Скопје.

За изградба на кружниот тек на влезот во населбата Железара град Скопје предвиде околу 34 милиони денари или половина милион евра.

eltrakruzen teklatassdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто