Во словенечкото место Словенске Коњице е изградена куќа со фасада од метал, која соврешено се вклопува во разноликата и бујна топографија во нејзиното опкружување, благодарение на инвентивните пруги со кои е прошарана нејзината надворешност.
Иако делува како да има прост дизајн, фасадата на куќата „Скејплаб“ е изработена со специјална техника со чија помош се намалува загревањето во текот на летото, а од друга страна, се впива поголема сончева топлина во зимскиот период.
Металните плочи на фасадата се споени со дрво околу прозорците и влезната врата, идеја која ја примениле архитектите за да обезбедат нејзино вклопување во околниот амбиент.
Во долниот кат на куќата е сместена ординацијата на сопственикот, кој е лекар по професија. Ординацијата е споена со дневниот престој и кујната, кои се наоѓаат на истото ниво, додека на горниот кат се сместени спалната и детските соби.
Ентериерот е составен од скромен, но складно распореден мебел, а прозорците покрај што дозволуваат влез на природна светлина во внатрешноста, овозможуваат и неверојатен поглед на околните лозја.
„Скејплаб“ се издвојува од останатите куќи во околината благодарејќи на единствениот пристап во изборот на материјалот за градба, но таа при тоа не губи ништо од својата удобност.