Петро Порошенко: Украина е во вистинска војна со Русија

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во Киев дека неговата земја се наоѓа во „вистинска војна“ со Русија, како и дека Украинците треба да се подготват за „руската офанзива“.

Во разговор за Би-Би-Си, Порошенко тврди дека сето ова што сега се случува, не претставува судир со проруски бунтовнци, туку вистинска војна со Русија, посочувајќи го како доказ за своето тврдење заробувањето на двајца руски војници во Источна Украина, во саботата.

Украинскиот претседател верува дека Русите се подготвуваат за офанзива.

– Украинците треба да бидат подготвени за офанзивата, но на Русите не треба да им се даде никаква шанса за каква било провокација, вели Порошенко, објаснувајќи дека одговорноста (за офанзивата) треба да биде само руска.

Официјална Москва уште од почетокот на судирите во Источна Украина, во април 2014 година, ги отфрла обвинувањата на властите во Киев и на Западот за директно мешање во украинската криза.

Русија демантира дека има испраено свои војници, како и дека ги снабдува бунтовниците со тешко воружување и со тенкови

Проруските бунтовници, исто така, демантираат дека добиваат воена помош од Русија или дека руски војници војуваат на фронтот.

Во февруари оваа година, во Минск беше потпишан мировен договор меѓу Украина, Русија,Германија и Франција за прекин на огнот и за создавање услови за траен мир.

Претседателот Петро Порошенко за Би-Би-Си тврди дека од тогаш па до сега, убиени се 83 војници. Во разговорот, тој признава дека не му верува на рускиот претседател Владимир Путин, но дека не постои друга опција освен да преговара со него.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала