Да се пребродат катастрофите

Од:

Независне новине – Бања Лука

Ова време минатата година Босна и Херцеговина и Србија ја зафатија најсилни врнежи забележани во последните 120 години, предизвикувајќи огромни поплави во двете земји. Непосредно пред поплавите ги видов од прва рака разорните последици по станбени објекти, патишта, далноводи, посеви и сточниот фонд.

За само неколку дена поплавите нанесоа штета и загуби оценети на 15 проценти од националниот доход на Босна и Херцеговина и речиси 5 проценти на националниот доход во Србија. Привремено запреа сите изгледи за раст во двете земји и осиромаши илјадници жители.

И останатите земји на западен Балкан се соочуваат со сличен ризик и тоа не само од поплави. И премалку вода во летните месеци нанесуваа тешки последици на другите земји: во Албанија сушата во 2012 година го намали производството на електрична енергија, влошувајќи го фискалниот дефицит, со оглед на потребата за итен увоз на електрична енергија. Сушите и топлотните бранови во Македонија во 2007-8 и 2011-12 доведоа до значителни намалувања на земјоделското производство.

Земјите од Западен Балкан не се добро подготвени за такви непогоди, а научниците предупредуваат дека поради климатските промени состојбата само ќе се влошува. Тие земји треба да размислат како да создадат поотпорни општества во следниот перио.

Со глобалното затоплување од околу 1,5 степени Целзијусови во однос на прединдустриското време и веројатноста од 40 отсто дека пред 2100 година ќе надмине 4 степени Ц, ако не се преземат идни активности, неодамнешниот извештај на Светска банка Да се намали затолувањето: Соочување со новата климатска нормала, се укажува дека временските екстреми кои до сега се јавуваа еднаш во 100 години, ќе станат нова нормала.

Извештајот ги истражува климатските изгледи за Западен Балкан. Во регионот се очекува интензивирање на екстремни појави во врска со водата, било интензивни суши во текот на летните месеци или поплави во зима и на пролет, со реперкусии по земјоделството, енергетиката, како и здравјето и безбедноста на населението.

Во свет потопол за 4 степени Ц, западен Балкан би се појавил како критична точка која се затоплува, со зачестени топлотни бранови, кои би се ширеле на дури 80 проценти во летниот период и ќе резултира со зголемување на бројот на сушните денови за 20 проценти. На тоа се додава загриженоста во врска со расположливоста на водата и последицата по човековото здравје, како што на пример е проценето зголемувањето на морталитетот поврзано со топлината за 20 проценти.

Истовремено, долж Дунав, Сава и Тиса би се зголемиле ризиците од поплави во текот на зимите и пролетта, вклучувајќи ги ризиците на 100 годишната зачестеност, поради поинтензивно топење на снегот во текот на пролетта и обемните врнежи во текот на зимските месеци.

Претстојната публикација на Светска банка Профил на ризик од поплави и земјотреси за Европа и централна Азија, покажува дека потенцијалните економски штети и загуби од поплави во 100 годишната зачестенот на западен Балкан веројатно би биле со големина од 3 до 20 проценти од националниот доход во зависност од земјата. Студијата исто така покажува дека и ризикот од сеизмички потреси и последичните економски штети и загуби, во тие земји не само што е присутен, туку и се зголемува. Штетите и загубите во Албанија и Македонија, предизвикани со посилен земјотрес, би изнесувале повеќе од половина од нивниот национален доход, што можат да го потврдат сите од Македонија со подолго памтење.

Како одговор на тие закани, земјите од Западен Балкан треба да се префрлат од реактивен пристап во вонредни прилики на повеќе проактивен пристап со поглед кон иднината, во смисла на управувањето со ризици, пред да се случи катастрофа. Неодамна покренувањето на Националната програма за управување со ризик од катастрофи во Србија е значаен чекор во тој правец.

Покрената со почетно финансирање од ЕУ, Развојната програма на ОН, Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи, Швајцарската агенција за развојна соработка, Австриската програма за урбано партнерство и Светска банка, таа програма дава заедничка платформа во Србија за намалување на ризик и управување со ризици од различни типови на катастрофи. Од поплави и суши до земјотреси, програмата овозможува отворен и неутрален простор за координација на управувањето со ризик од катастрофи меѓу владините агенции, сектори и партнери.

Останатите земји од западен Балкан, вклучувајќи ја Босна и Херцеговина, прават почетни чекори во правец на изградба на поголема национална отпорност. Со оглед на заедничкиот ризик и силните економски врски меѓу тие земји, како и сличното ниво на познавање на политиката и потребните капацитети, регионално координираните пристапи би ја зголемиле ефикасноста на управување со ризик од катастрофи во сите земји од западен Балкан.

Како што светот гледа и се бори да помогне на земјите во кои се пружа помош за зајакнување по катастрофа, на далечни земји како што се Непал и Хаити, меѓународната заедница разгледува некои паметни идеи во врска со воспоставувањето на одреден облик на глобално обезбедување од ризик од катастрофи. Во меѓувреме, некои од земјите на западен Балкан, веќе воспоставиле регионален фонд за обезбедување од ризик од катастрофа Europa Re. Europa Re која е во сопственост на владата на Албанија, Македонија и Србија, пружа обезбедување на станбениот имот, мали фирми и земјоделието од катастрофи предизвикани од поплави и земјотреси.

За жал, меѓу домаќинствата, меѓу сопственици на деловни субјекти и земјоделски имоти на западен Балкан сеуште не постои голема побарувачка за осигурување од катастрофи, што значи дека и следна голема катастрофа повторно на многу граѓани ќе нанесе разорни и ненадоместливи штети и загуби. Владите на западен Балкан би можеле да разгледаат воведување на обавезно осигурување од ризик од катастрофа, на пр. поврзано со уписот или преносливата сопственост над имотот. Земјите како Турција го направија тоа, помагајќи на милиони домаќинства и мали деловни субјекти да се заштитат од загуби и штети кога ќе се случи следна катастрофа.

За земјите од Западен Балкан е важно дека ќе има свесно менување на климата и да се прилагодат на свет со почести и потешки катастрофи. Ние во Светска банка сме подготвени да ги поддржиме вашите напори на изградба на поотпорни општества.

(Авторката е директорка на Светска банка за земјите на југоисточна Европа)

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград