Со двата натпревара што се играат денеска во Скопје ќе стартува 6. коло од ракометниот плеј оф. Во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар го пречекуваат Зомимак М, а почетокот на дуелот е во 14 часот.
Во салата во населбата Автокоманда, Металург е домаќин на Прилеп. Овој дуел ќе почне во 18:30 часот. Третиот натпревар од оваа рунда се игра утре меѓу Радовиш и Пролет.
Табела: Вардар 15 бодови, Металург 12, Зомимак 9, Пролет Тинекс 6, Радовиш 3, Прилеп 0.