Претставници на 12 сојузни држави, покраини и провинции од седум земји во светот ги обединија силите во борбата против килиматските промени.
На церемонија во калифорнискиот град Сакраменто, раководителите на Акри во Бразил, Баден-Вортемберг во Германија, Онтарио во Канада, Британска Колумбија во Канада, Велс во Велика Британија, Орегон во САД, Вермонт во САД, Калифорнија во САД, Вашингтон во САД, Долна Калифорнија во Мексико, Халсико во Мексико и Каталонија во Шпанија потпишаа спогодба за ограничуваење на емисијата на гасови, кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2050 година за 85 до 90 отсто во споредба со нивото од 1990 година.
Заеднички сите овие провинции, држави и покраини имаат население од сто милиони лица.