Анкета: Повеќе од 37% од Косовците подготвени да ја напуштат земјата

Од:

Бројот на Косовци кои се подготвени да ја напуштат земјата за еден подобар живот во Европа континуирано расте, поккажуваат резултатите опд анкетата на асоцијацијата Група за студии, право и политика од Приштина.

Според анкетата 37,2 отсто од државјаните на Косово се подготвени да заминат од земјата. Претставничката на оваа организација, Арбереша Лоџа, вели дека младите од 18 до 34-годинишна возраст, значи работната сила на Косово, го сочинуваат мнозинството од оние кои се подготвени да заминат од земјата.

– Податоците говорат дека подготвеноста да се имигрира продолжува да биде на високо ниво, независно од постојаните изјави на властите на замјите од ЕУ дека азил нема да им се даде на косовските граѓани. Дури 88 отсто од анкетраните граѓани ја посочуваат косовската Влада како институција со најголема одговорност за нивна евентуална миграција, истакна Лоџа.

Според резултатите од анкетата подеднаква подготвеност за заминување од земјата покажуваат и оние од урбаните и оние од руралните средини. На прашањето што може да ја запре емиграцијата, анкетираните одговараат дека тоа е либерализацијата на визниот режим, подоброто работење на извршната власт и вработување втор член од секое семејство.

Како што тврди Лоџа идетнична состојбата е и во Албанија.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица