Македонските тенисери на денешните мечеви од првото коло на фјучрс турнирите имаа победа и пораз. Стефан Мицов на фјучрсот во Хрватска (Бол) го победи Денис Бејтулахи од Србија со 2:1 6:7, 6:1 и 6:2.
Мицов во текот на целиот меч имаше дури осум брејка и сосема заслужено се пласира во следното коло. Таму за противник ќе му биде победникот од мечот Дино Марцан (Хрватска) – Матијас Вунер (Германија).
Мицов по двете победи во квалификациите успешно ја мина и првата пречка на главниот турнир.
За разлика од Мицов, Томислав Јотовски немаше среќа во првото коло против Јурај Масар од Словачка. Во изедначен меч Масар победи со 2:1 во сетови (7:5; 4:6 и 7:5). За Јотовски останува уште настапот во двојки на фјучрсот во Приедор.