ФОТО: Порше го претстави 911 ГТ3 Р

Од:

Германската компанија Порше ја комплетираше гамата тркачки автомобили базирани на новиот 911 со претставувањето на 911 ГТ3 Р, кој ќе се најде меѓу 911 ГТ3 куп и 911 РСР моделите.

Новиот ГТ3 Р потекнува од 911 ГТ3 РС патниот модел, кој е претставен пред неколку месеци. Моделот е изработен за ГТ3 натпревари, а главен фокус на инженерите е лесниот дизајн, ефикасноста на аеродинамиката, подобрена потрошувачка, подобрено управување, безбедност и намалена цена за сервис и резервни делови.

Порше 911 ГТ3 Р 2

Силата доаѓа од 4,0 литарски мотор, што е речиси идентичен со тој од ГТ3 РС патниот модел, а ќе обезбедува околу 500 коњски сили. Моќта преку шестстепен секвенционален менувач се пренесува на задната оска.

Главниот дел на телото е изработен од алуминиум, метал и композитни материјали, додека останатите делови се од пластика зајакната со јаглеродни влакна. Сите прозорци се од поликарбонат, со што вкупната тежина изнесува 1.219 килограми.

Порше 911 ГТ3 Р 3

Особено внимание е посветено на безбедноста на возилото. Резервоарот сега има безбедносен вентил за прекин на дотокот на гориво, вратата и страничните прозорци се лесно отстранливи, а отворот на покривот за случај на опасност е поголем од претходниот модел.

Порше 911 ГТ3 Р 4

Новиот ГТ3 Р натпреварувачкиот живот ќе го почне во сезоната 2016 година, а првите тимови своите примероци ќе ги добијат овој декември. Цената без данок изнесува 429.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска