„Коха диторе“: Исламисти инвестираат во образованието на Косово

Од:

Градинки, училишта и сомнителни студентски домови се финансираат од фондови на невладини организации во Косово во соработка со исламски екстремисти и терористи, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“, повикувајќи се на извештај од една странска разузнавачка служба.

Во текстот под наслов „Инвестиции на исламските екстремисти во образованието на Косово“ се наведува дека тоа се врши со дозвола од косовските институции.

Во извештајот на странската разузнавачка служба се посочува дека станува збор за активности на 50 невладини организации и 11 лица кои најмногу ширеле верски исламски екстремизам.

Косово во документот е претставено како „колевка“ за верско влијание уште во предучилишните установи.

– Голем број организации и НВО кои биле создадени во Косово по војната во 1999 година, како што се Ал Хараманеи, ИВЦ, КОФФ, ИСТАМБУЛ… се повлекоа од Косово. Меѓутоа тие зад себе формирале невладини организации, како што се „Траги“, „Фондакос“, „Сфера“, „Еднаквост“, „Гордост“, „Реалност“, „Куран“…, се додава во истражувачкиот извештај, кој се заснова врз многу извори, пишува „Коха диторе“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица