Бан Ки-мун најави посета на Северна Кореја

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун најави дека ќе ја посети Северна Кореја, доколку неговата посета биде прифатена од сите засегнати страни.

Бан вчера пристигна во Јужна Кореја каде ќе присуствува на Светскиот образовен форум за 2015 година, што ќе се одржи во пристанишниот град Инчеон.

Северна Кореја е под остри санкции од ОН, САД и ЕУ поради серија ракетни проби и својата програма за производство на нуклеарно оружје.

Бан неделава ќе го посети и меѓукорејскиот индустриски комплек во севернокорејскиот пограничен град Каесонг, соопшти министерството за надворешни работи во Сеул.

Генералниот секретар ќе го посети комплексот, што претставува симбол на меѓукорејско помирување, в четврток. Тој е првиот лидер на ОН што ќе го посети комплексот од неговото отворање во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета