Европската фудбалска федерација УЕФА ги одреди судиите кои ќе ги судат финалните натпревари во Лигата на шампионите и во Лига Европа.
Џунејт Чакир од Турција ќе биде главен судија на финалето од ЛШ во Берлин на 6 јуни меѓу Барселона и Јувентус.
Чакир лани на Светското првенство во Бразил го судеше полуфиналето меѓу Аргентина и Холандија.
Финалето на Лига Европа меѓу Севиља и Днипро што ќе се игра на 27. мај во Варшава ќе го суди Англичанецот Мартин Еткинсон.