Американска истрага против претседателот на венецуелскиот Парламент

Од:

Американските власти истражуваат дали претседателот на венецуелскиот Парламент, Диосдадо Кабељо и уште неколку високи функционери се вмешани во шверц на кокаин и перење на пари, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

Цитирајќи повеќе од 12 лица, кои се запознати со изтрагата, весникот наведува дека федерални обвинители во Њујорк и Мајами, како и Службата за борба против наркотици (ДЕА), собираат докази од поранешни шверцери на кокаин, воени дисиденти од Венецуела и луѓе кои некогаш биле блиски до владините претставници.

Предмет на истрага не е претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој е идеолошки противник на Вашингтон.

Од друга страна, властите во Каракас ваквите обвинувања ги сметаат како неосновани, додавајќи дека тие се дел од масовната кампања на САД за „ставање крај на 16-годишниот социјализам во Венецуела“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак