Куманово – Работнички ќе играат без публика утре во Куманово

Од:

Одложениот натпревар од 9.коло од кошаркарската Супер лига меѓу Куманово и Работнички ќе се одигра утре во Куманово, но без присуство на гледачи. Тоа е одлуката на домаќинот Куманово по препораките од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како втора опција беше играње на дуелот со публика, но во друг град.

Натпреварот во закажаниот термин (12.мај) беше одложен поради полициската акција во Куманово во текот на претходниот викенд. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 19 часот.

Утрешниот дуел нема никаква резултатска важност, откако Работнички по триумфот во дербито во петокот над МЗТ Скопје го потврди второто место, а тимот на Куманово е третопласиран.

Плеј офот за шампионската титула ќе стартува во петок со полуфиналните дуели: МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри и Работнички – Куманово. Полуфиналето се игра во два добиени натпревара, а домаќини на првите дуели се скопските екипи МЗТ Скопје и Работнички.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос