Ѓорческа го подобри својот ранг на ВТА листата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да го подобри својот ранг на ВТА листата со двата поена кои ги освои на претходниот фјучрс турнир во Хрватска кога беше четвртфиналистка. Таа сега се наоѓа на 396 место и има скок од шест места со вкупно 82 поена.

Ѓорческа следната недела ќе има подобар ранг по пласманот во финалето на последниот фјучрс во Бол.

Во конкуреција на двојки таа се доближи до својот најдобар ранг (334) и сега се наоѓа на 338 место со 152 поена.

Втората македонска тенисерка која има ранг, Магдалена Стоилковска во поединечна конкуренција е на 1.212 место, а во двојки е рангирана како 950-та.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров