Димитров: Преважен момент за да размислува за партии, треба да се размислува за идеја и цел

Од:

Денес имаме состанок со историјата, не донесовме лопати туку донесовме цел, а сега ќе ги поставиме темелите на идната Македонија, порача во неделата поранешниот македонски амбасадор и дипломат Никола Димитров на граѓанскиот протест пред Владата.

„Ќе ги поставиме сега темелите на идната Македонија, сите заедно да ја вратиме душата на Македонија и да го тргнеме срамот. Груевски ако ме слушаш, а изгледа многу сакаш да слушаш, од многу фасадни проекти главниот го заборави, Македонија ја заборави. Во оваа жална зграда седат луѓе што по паметот на Груевски ги приватизираа институциите кои наместо нас граѓаните им служат нив а нас не плашат. Има еден избор за тоа, или оваа власт или Македонија. За мене, кој што 18 години работев за Македонија, го направив тој избор со својата совест, сега формално не работам за Македонија но денес се чувствувам најкорисен од сите тие 18 години“, изјави Димитров пред насобраните граѓани.

„Фала ти Никола, фала ти што не обедини, не обедини да го одбраниме Уставот од тебе и сите заедно обединети а не има од секаде и не има секакви, бараме одговорност. Една порака за идната Македонија, преважен е овој момент за да размислуваме за старите вредности, лојалностите кон партија и личност, мора да бидеме лојални кон идеја и да имаме цел, и затоа и за тој што ќе дојде после Груевски тоа ќе биде брзо и можеби и ќе биде таа, ќе бидете под притисок да не ги пикате партии кај што не им е место, немаа партии во судството, нема партии во администраијата, нема партии во бизнисот, нема партии во животот. Да живеат разбудените и неразбудените граѓани, и нив ќе ги разбудиме“, порача поранешниот македонски амбасадор.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски