(ВИДЕО) Станишев: Вашиот глас го слушна Европската Унија

Од:

Ова е инспиративна глетка-собрани луѓе кои се борат за демократија. Овде сум во името на сите социјалдемократи, заедно со моите пријатели од Шведска, Бугарија, Обединетото Кралство, рече на денешниот протест пред владата европратеникот од Бугарија Сергеј Станишев.

Сега слушнете внимателно-вашата порака е кристално јасно, вашата порака е дека сакате мир. Овде гледам луѓе од различни етнички заедници кои се овде, јас овде слушам и гледам дека саката демократија.

Слушам како луѓето изговараат една реченица- Нема правда, нема мир. Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша во Европската Унија, сакам да знаете дека сте важни, дека сте обединети заедно и никој не може тоа да го игнорира. Ниту Владата, ниту Европа, ниту било која партија. Сакам да кажам на бугарски јазик, ќе ме разберете-Сакаме Македонија да ја видиме мирна, европска.

Би можело да ве интересира

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

(ВИДЕО) Огромен десничарски протест во Лондон, се одржа и пропалестински марш

А1он

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование