Себастијан Курц: Договорот од Минск нема алтернатива

Од:

Договорот од Минск за надминување на конфликтот во источна Украина нема алтернатива, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по средбата со неговиот украински колега Павло Климкин.

– Приоритети во овој момент треба да бидат повлекувањето на тешкото оружје, воспоставување на трајно примирје и реформа на Уставот (на Украина), порача Курц.

Како што соопшти австриското Министерство за надворешни работи, Курц на синоќешната средба со Климкин ветил поддршка од Виена за Киев и најавил дека Авструја ќе одвои дополнителни еден милион евра за помош на украинските граѓани.

Курц нагласил и дека Австрија е подготвени да го зголеми бројот на своите членови во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина од сегашните 17 на 30 лица.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски