Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Рим

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Рим откако во првото полуфинале го победи Давид Ферер со 2:0 во сетови.

Двата сета Ѓоковиќ ги доби со 6:4 во гемови. Ова за него ќе биде шесто финале во Рим, а ќе се обиде да стигне до четвртата титула.

Негов ривал во финалето ќе биде победникот од дуелот на швајцарските тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка. Овој меч се игра вечерва.

На женскиот дел од турнирот во полуфиналето победи остврија Марија Шарапова и Карла Суарез Наваро. Шарапова ја победи Дарија Гаврилова со 2:0 во сетови, додека Суарез Наваро ја победи Халеп со 2:1 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров