Ердоган и Изетбеговиќ со осуда на смртната казна за Мохамед Морси

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изтебеговиќ денеска ја осудија судската одлука со која поранешниот египетски претседател Мохамед Морси е осуден на смртна казна поради „бегство од затвор за време на бунтот во 2011 година“.

Ердоган оцени дека со ваквата одлука египетската држава се враќа во времето на „стариот Египет“ и ја отфрла демократијата. Тој воедно ги криикуваше и западните земји затоа што, според него, не реагирале „при соборувањето од власти на Морси“, како ни поради смртните казни за припадниците на неговото движење Муслиманско братство.

Осудувајќи ја пресудата за Морси, Изтебеговиќ пак побара од меѓународната заедница „да ја покаже својата доследност кога е во прашање почитувањето на човековите права и демкоратските норми и да стори се што е во нејзина моќ да го спречи извршувањето на смртната казна“.

Суд во Египет денеска ги осуди Морси и над 130 други обвинети на смртна казна. Морси и останатите осудени, меѓу кои има десетици членови на палестинското движење Хамас и либанската партија Хезболах, беа обвинети за бегство од затвор и напади врз полицијата за време на бунтот во 2011 година против тогашниот претседател Хосни Мубарак.

Во затвор се 27 од обвинетите, меѓу кои и Морси, додека на останатите им беше судено во отсуство. Морси издржува казна од 20 години поради поттикнување насилства врз демонстранти.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски