Седум лица загинаа, а најмалку 27 други се ранети денеска при експлозија на бомба на пазар во градот Даматуру, административен центар на северната нигериска сојузна држава Јобе.
Според очевидци, во време на експлозијата на пазарот имало голем број луѓе. Бомбата била поставена во близина на една автобуска постојка.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на исламистичката група Боко Харам, која веќе шест години води вооружена борба за создавање исламска држава во севениот дел на Нигерија.