Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и во своето второ финале во 2015 година не успеа да го освои турнирот. Таа денеска на фјучрсот во Хрватска загуби од руската тенисерка Анастасија Комардина со 6:3 и 6:3 во двата сета.
Ова е втор пораз на Ѓорческа од Русинката и по вторпат губи во финалето (претходно во финалето во Арад 2013 година). Во денешниот меч Комардина имаше подобар учинок на искористени брејк топки 5/8 за разлика од Ѓорческа, која имаше 2/7.
Нашата тенисерка за пласманот во финалето ќе добие нови 7 поени и следниот понеделник за очекување е да го има својот најдобар пласман на ВТА листата.
Инаку за Русинката Комардина овој фјучрс беше успешен бидејќи победи и во конкуренција на двојки со Сузана Лукнарова од Словачка.
Ѓорческа и следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Бол.