Кина во Бразил ќе инвестира 50 милијарди долари

Од:

Ли Кечијанг, премиер на Кина ќе потпише идната недела во Бразил договор за кинески инвестиции од 50 милијарди долари.

Кинескиот претседател Си Џинпинг најави во јануари дека таа држава во следните десет години ќе вложи 250 милијарди долари во Јужна Америка.

Кинезите сакаат да инвестираат во изградба на железничка пруга од брегот на Атлантскиот Океан до перуанскиот брег на Пацификот за да се намалат трошоците за доставување сировини од Јужна Америка. Покрај тоа во план е и вложување со Бразил во заедничко производство на челик. Бразил моментно најголем дел од железо извезува во Кина, јави Би-Би-Си.

– Ќе мора да почекаме до крај на посетата да видиме кои се проекти ќе бидат во оптек, вели Жозе Граса Лима, бразилски државен потсекретар задолжен за Азија и Океанија.

Кинески инвестиции ќе има и во производство на автомобилски делови, енергетика, пристаништа, хидроенергија…

Бразилската економија која беше една од најбрзо растечките во светот во изминатите пет години стагнира.

Кинескиот премиер по посетата на Бразил заминува за Колумбија, Перу и Чиле. Бразил е една од 20-те држави вон Азија што ќе учествуваат во основање Азиска инфраструктурна инвестициска банка која ќе ја води Кина и која САД ја сметаат за закана за ММФ и Светската банка. Таа банка треба да почне со работа во крајот на годината. Засега има 57 основачи меѓу кои и Израел, Германија, Франција, Италија, Шведска, Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок