Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како шеф на делегацијата на Република Македонија учествува на 14.Самит на Франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго.
На Самитот министерот Попоски ќе има свое обраќање во рамките на годинешната тема на Самитот – „Франкфонијата, еколошки и економски предизвици со кои се соочува глобалното владеење “.
На маргините на Самитот министерот Попоски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои, со домаќинот, претседателот на ДР Конго Жозеф Кабила, со генералниот секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диоуф, со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и други.