Еден скандинавски еднособен стан е уреден со совршено организиран простор, отворен концепт и изобилство на природна светлина, кои придонесуваат за поттикнување на чувството за удобност и ведрина на веселиот ентериер.
Секој дел на станот има своја функција и се е организрано за да се добие чувство дека просторт е поголем отколку што навистина е. Кујната, трпезраијата и дневната соба се поврзани во единствена синергија со што формираат единствен отворен концепт.
Паметно искористениот мал простор во кујната со помош на црвен шпорет е одвоен од трпезаријата во која има дрвена маса и бели столици, во чија позадина има едноставна полица, што е чест случај во повекето станови во Скандинавија.
Дневната соба е опремена со едноставен црн кауч и преубави масички. Во обој простор има и мало работно катче со минимлане декор.
Станот има мал балкон уреден со едноставна маса и солици и зелени растенија.
Комбинацијата на белата боја, светлиот паркет и дрвото во ентериерот, го прави станот да изгледа модерно и чисто.