(ВИДЕО) Да го средиме зошто беше на митинг на Љубе Бошкоски

Од:

Мијалков и Јанкулоска коваат план како да го средат еден вработен во МВР затоа што излегол на митинг на Љубе Бошкоски, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави снимка за која рече дека е помеѓу досегашната министерка за внатрешни работи и Сашо Мијалков.

-Мијалков бара вработениот да се понижи и да се премести во аналитика во Арачиново, а Јанкулоска предлага дека може ќе го понижи и ќе го премести во возен парк.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Абе знаеш зашо ти се јавив тебе за тој еден што бил кај ЉУбе му го заборавив името
ГЈ: Тој што ми го кажа за прекршоци тогаш
СМ: Да, бил на протестите за Љубе
ГЈ: Епа супер дај некако да го избркаме оти ја не му дадов решение тогаш, фактички он е нераспореден у моментот, јас чекав знаеш да поминат избориве да не има уште некој да покаже
СМ: Александар така
ГЈ: Така некако Александар Панов ли така некако беше знам кој е, тогаш одма го тргнав настрана решението и чекав да завршат избориве да види
СМ: Однеси го некаде кој знае каде
ГЈ: Супер ќе му најдеме некое место….
СМ: Полошо да нема на протестите ја во очи го видов
ГЈ: Некоја аналитика во ПС Арачиново за да нема полициско овластување да зима помала плата
СМ: Е така
ГЈ: Ееее за такви…или пак шофер ќе го ставам у возен парк
СМ: Е така, така супер
ГЈ: такво некое понижувачко место
СМ: Абе шофер да биде не тука во мрвр да биде некаде маргинално или аналитика у арачиново тоа може уште подобро
ГЈ: Такво некое битно е сега ние да не го….
СМ: Шофер знаеш како, шофер ќе може да искочи ваздух да зема, а вака аналитика у Арачиново….
ГЈ: Поарно ќе треба да иде на работа
СМ: Ќе треба да иде на работа
ГЈ: Ќе го решиме немај гајле за тоа не му ни потпишувам
СМ: А за другите работи ќе те побарам јас сакам да дојдам систематизацијата да ја потпишеме више стана историска, тоа не е до тебе до мене е ама….
ГЈ: Јас сакам да ти кажам ама викам ај да не запињам
СМ: Гужви и така
ГЈ: Да де да добро штом до тука сме стасале ќе го решиме не е проблем
СМ: Ок
ГЈ: Ок важи немај гајле
СМ: Ќе се чуеме да не го заборавиш
ГЈ: Не, не го заборавам тргнат ми е уште од пред изборите и сега таман причина повеќе поубаво место да му најдеме
СМ: Добро ајде
ГЈ: Ајде

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски