Второ финале за Ѓорческа во 2015 година

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Бол, Хрватска. Ова за нашата тенисерка ќе биде второ финале во 2015 година.

Во полуфиналето денеска Ѓорческа (2.носител) ја победи Унгарката Агнес Букта со 2:1 во сетови (2:6; 6:2 и 7:5) и во финалето ќе игра против Русинката Анастасија Комардина (594.место ВТА листа) која со 2:0 во сетови ја победи првата носителка Габриела Пантучкова од Чешка.

Ѓорческа првиот сет го загуби со 6:2 во гемови и притоа немаше ниту една брејк можност. Во вториот сет нашата тенисерка беше подобра со истиот резултат со 6:2 го доби сетот и од две брејк шанси двете ги искористи. Во решавачкиот сет се водеше голема борба. Во последниот 12.ти гем од сетот на сервис на противничката Ѓорческа ја искористи дури петтата брејк и меч топка во тој гем и сетот го доби со 7:5. Дека мечот беше изедначен покажуваат и бројките. Ѓорческа имаше 4 од 9 брејка, а Букта 3 од 10. Нашата тенисерка освои еден поен повеќе во целиот меч 87:86.

Ѓорческа досега има две турнирски победи во Арад (2012 година) и во Варна (2014 година).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров