Белучи го намачи Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по голема борба со Томаш Белучи успеа да избори четвртфинале на Мастерсот во Рим. По загубениот прв сет со 7:5 во гемови, Ѓоковиќ ги доби следните два со 6:2 и 6:3, но мораше да вложи многу напор за да стигне до триумф. Тој денеска во четвртфиналето ќе игра против Кеи Нишикори.

Според „костурот“ во четвртфиналето играат уште: Давид Гофин – Давид Ферер, Рожер Федерер – Томаш Бердих и Рафаел Надал – Стан Вавринка.

На женскиот дел од турнирот во четвртфиналето двојките се: Александра Дулгеру – Симона Халеп, Марија Шарапова – Викторија Азаренка, Карла Санчез Наваро – Петра Квитова и Кристина Мек Хејл – Дарија Гаврилова.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров