Нова серија бомбашки напади во тајландската провинција Јала

Од:

Најмалку 23 бомбашки напади биле изведени ноќта и изутрината во Муанг Јала, главниот град на провинцијата Јала на југот на Тајланд што се граничи со Малезија.

Официјално, ранети се 33 лица, а нема извештај за потешки последици. Тајландската армија за најновите бомбашки напади ги обвини муслиманските сепаратисти, кои се незадоволни од нивниот статус во оваа област и во државата претежно населена со будисти.

Бомбите ги поставуваат помлади лица, најчесто во продавници, а ноќеска една бомба експлодирала а две се на време откриени и безбедно уништени на железничка станица во близина на центарот на главниот град. Најчесто, бомбите се поставувале во фрижидерите во продавници.

Во терористички акции што ги спроведуваат радикалните муслимани, кои бараат самостојност на провинцијата Јала, како и од армиските контра операции од 2.004 година до сега во провинцијата Јала загинале над 6.500 лица. Судирите со армијата и терористичките напади запреа по воениот удар изведен во мај минатата година, а се обновија кон крајот на минатата година.

По налог на воената управа во провинцијата Јала од почетокот на годинава е воведен регистар на ДНК на населението. Овој потег, според властите, ќе придонесе терористичките активности да се намалат барем за половина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач