(ВИДЕО) Протестите продолжуваат, оставка од Груевски и ослободување на притворените

Од:

Ослободување на притворените лица и оставка на премиерот Никола Груевски побараа демонстрантите и на денешниот протест кој започна во 18 часот.

И денеска зградата на Илинденска ја обезбедуваа полицајци и на демонстрантите не им дозволија да протестираат на улицата непосредно пред објектот на владата.

Маршот започна од пред владата и преку мостот Гоце Делчев демонстрантите се упатија пред судот.

„Нашите другари кои се решија да го дигнат гласот против сите неправди и тиранијата, како за награда се зад решетки сместени. Тоа се практично политички затвореници и нема да се повлечеме додека не се ослободат“, порачаа демонстрантите.

Протестот заврши пред собранието а демонстрантите најавија дека ќе се протестира и утре со почеток 18 часот.

Б.С.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата