Жителите на Меѓугорје бараат Ватикан официјално да го признае „појавувањето на Богородица“ во близина на ова мало градче во јужниот дел на Босна и Херцеговина, објавија босанските медиуми.
Меѓугорјани се надеваат дека папата Франциско при посетата на Сараево следниот месец ќе допатува и во нивноот место, кое важи за едно од најпопуларните светилишта на католиците од целиот свет.
Богородица првапат „се појави“ пред шест деца од Меѓугорје во 1981 година, пренесувајќи им пораки за мир, љубов, верба и молитви. По ова се „забележани“ уште неколку „појавување на Богородица“ на истата локација, која годишно ја посетуваат милиони христијански верници.
Жителката на Меѓугорје, Даниела Сусак сепак смета дека Ватикан не треба брза со одлуката за официјално признавање на „појавувањето на Богордица“.
Светата столица започна истрага за случајот со „појавувањето на Богоридица“ во Меѓугорје, која траеше цели пет години. Иако, истрагата официјално заврши минатата година, Ватикан досега не ги објави нејзините резултати.