Ѓорческа спаси три меч топки и се пласира во полуфиналето

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Бол откако во решавачкиот сет со Наталија Вајдова од Словачка го доби тај брекот со 8:6 и притоа спаси три меч топки (противничката водеше 6:3, а имаше и серија од 5:0 и ја искористи првата меч топка.

Четвртфиналето со Вајдова не почна најдобро за нашата тенисерка, која го загуби првиот сет со 6:3 во гемови, а до средината на вториот сет го „бркаше“ водството на ривалката. На крајот сетот Ѓорческа го доби сет со 7:5 во гемови.

Во решавачкиот сет се играше тај брејк, а нашата тенисерка во два наварти на сервис на противничката успеваше да направи „брејк“ и да стигне на крајот до победата откако тај брекот 7:6 – 8:6 на поени.

Во полуфиналето Ѓорческа (2.носител) ќе игра против Агнес Букта од Унгарија (7.носител). Овие две тенисерки играа заедно во конкуренција на двојки. На единствениот меч досега меѓу овие две тенисерки одигран во Сараево 2014 година победа има остварено Ѓорческа.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров