Брод со околу 300 мигранти муслимани рохинги мажи, жени и многу деца денеска доживеа несреќа крај брегот на Тајланд, пренесува БТА.
– Околу десет луѓе умреа за време на патувањето. Нивните тела ги фрливме во водата, изјави за новинарите еден од мигрантите на друг брод.
Околу 300 лица сме. Пловивме веќе два месеци. Сакаме да одиме за Малезија, но не успеавме да стигнеме до таму, изјави еден од мигрантите опкружен со десетици жени и деца.
Мигрантите на бродот поставиле црно знаме со натпис на англиски „Ние сме рохинги од Бурма“. Во близина нема ниту еден брод на тајландските поморски сили, кои трагаат по изгубени мигранти во морето.
Неколку дена меѓународните организации предупредуваат за илјадници мигранти, изгубени на отворено море. Шверцерите на луѓе ги напуштаат, бидејќи се плашат од новата угнетувачка политика на Тајланд низ чии води традиционално минуваат патиштата за илегален транспорт.
Секоја година десетици илјади луѓе патуваат од Јужен Тајланд кон Малезија и понатаму, со цел да избегата од бедата во Бангладеш или од насилствата, што се случуваат врз рохингите во Бурма. Според ОН тамошното муслиманско малцинство е меѓу најсилно прогонетите во светот.