„Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува палењето на возилото на новинарот Бранко Тричковски и бара надлежните државни институции веднаш да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат. Уништување на имотот на новинарот Тричковски има за цел да внесе страв и несигурност меѓу новинарите.
Овој вандалски чин насочен кон колегата Тричковски е продожување на политиката на неказнување на насилстовото против новинарите. ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 17 инциденти во кој новинарите се жртви и досега ниеден од нив нема судска разрешница.
Ова несанкционирање само ги охрабрува напаѓачите да продолжат со ваквото однесување и надлежните институции ги става во улога на соучесник. Дали е потребно да се загрози животот на некој новинар, надлежните институции сериозно да ги сфатат овие закани.
Во Македонија слободата на изразување е загарантирана со Устав а надлежните институции се должни да го заштитат ова право“, се вели во реакцијата на ЗНМ.