Со натпреварот меѓу Карпош Соколи и Кожув што се игра попладнево од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ стартува последното 10.коло од кошаркарската Супер лига.
Ова е дуел на двете екипи кои не изборија пласман во плеј офот и победникот на крајот ќе биде подобропласиран т.е. ќе го освои петтото место.
Дербито на колото ќе се одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ меѓу двете првопласирани екипи МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, додека в сабота во Кавадарци ќе играат Фени Индустри и Куманово.
Табела: МЗТ Скопје 44 бодови, Работнички 41, Куманово 39, Фени Индустри 39, Кожув 37, Карпош Соколи 37.