Лидерска средба под надзор на Орав и Бејли

Од:

Четворицата лидери на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи, денеска во 14.30 ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратеници.

По барање на лидерот на опозицијата Зоран Заев, на средбата ќе учествуваат и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Неофицијално дел од учесниците на средбата очекувата да биде презентиран и план за излез од политичката криза.

Тема на разговор ќе биде излез од политичката криза, а средбата доаѓа откако премиерот Никола Груевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев одделно имаа средби со амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски