Поглаварите и претставниците на верските заедници апелираат за мир и воздржаност

Од:

Како поглавари и претставници на црквите и верските заедници, соочени со политичката и општествена ситуација во нашата земја, особено со немилите настани и немирите, упатуваме апел до сите одговорни чинители во општеството и државата, како и до сите граѓани на Република Македонија, за трезвеност и одмереност во постапките, за достоинствено, правдољубиво, вистинољубиво и мирно решавање на сите проблеми и искушенија.

Ова е пораката на поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во Република Македонија испратена преку денешното заедничко соопштение по настаните во Куманово.

– Слободата за искажување на своето мислење, убедување и разбирање на нештата, е темелно демократско право. Но, таквото право мора и треба да биде реализирано на мирен и достоинствен начин, во согласност со законските и моралните норми во општеството. Нас, како верски лидери во Република Македонија, нѐ загрижува создадената атмосфера на страв и неизвесност, како и чувство на општа несигурност за животот и имотот на граѓаните. Решението на проблемите треба да се бара само преку мир и дијалог, преку почитувањето на правдата и достоинството на сите луѓе, и најмногу преку вистината, се вели во соопштението.

Во овие моменти, нагласуваат лидерите на верските заедници, повеќе од потребно ни е цврстото единство, а не поделеноста.

– Да подадеме рака за помирување и воздржаност меѓу нас и да придонесуваме кон зачувувањето на мирот и соживотот на сите граѓани во нашата заедничка татковина Република Македонија. Како цркви и верски заедници, повикуваме да престанат сите обиди за дестабилизација на нашата земја, нарушувањето на соживотот и верската кохезија, како и безбедноста на граѓаните. Господ да ја благослови нашата земја и сите нејзини граѓани, дарувајќи ни го Својот благослов за мир, слога и заемно почитување, се вели во заедничкото соопштение од поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза