Заев: Во парламентот се враќаме по оставката на Груевски за дефинирање на преодна влада

Од:

На денешната прес конференција лидерот на СДСм Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања рече дека граѓаните знаат зошто опозицијата е надвор од парламентот.

„Овој парламентарен состав е нелегитимен, опозицијата ќе се врати во парламентот по оставката на Никола Груевски за да ја дефинираме преодната влада. Оставките се од првите и најверни соработници на Никола Груевски, но тие се само чекор кон враќање на демократијата. Претпоследниот чекор е оставката на Груевски, а последниот, целосна демократизација на институциите и враќање на слободата и демократијата“, рече Заев.

Тој посочи дека е јасно дека прислушкувањето е од МВР, дека Груевски е тој што ги координирал сите активности.

Заев рече дека се прекинати разговорите во Брисел, но она што мора да се направи е судтсвото да се растерети од валканите канџи на политиката.

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му