Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески и за кој кажа дека е доказ за дикатоторскиот однос на премиерот кон соработнциите и кон Јанакиески.
27. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Ало
МЈ: Молам
НГ: Миле шо праиш
МЈ: Добар, дома се спремам за спиење…
НГ: Се спремаш за спиење…абе автобусиве Миле
МЈ: Тргнаја денес…
НГ: Од кај тргнаја
МЈ: За Македонија, утре ќе бидат Будимпешта…
НГ: Аха…
МЈ: Треба вака динамичен план до 31 ќе стигнат…
НГ: Е па среда значи ќе дојдат, така?
МЈ: Да среда ќе дојдат…
НГ: Е па носи ги директно у гаража да ги исперат убаво, да ги светнат, да гии…убоо да се исушат…ии презентација ќе напраиш у Центар, а ти ќе се качиш таму од Ѓорче некаде…
МЈ: Претседателе нека дојдам само со ункаинциве нишо не, не… нека дојдат сите 15…
НГ: Чекај сеа збориме ако доаѓаат
МЈ: Добро, добро…
НГ: Значи…ти идеш у Ѓорче или од кај тргаат не знам од негде од подалеку, аа еден по еден наредени сите 15, презентација негде у Центар кај шо може да се паркираат, да не закочат све, мада добро е и за закочат малце, застануваат тука искачаш ти од автобусот или влагаат камерманите унатре те снимаат ова она, даваш изјава и после они да кружат пола ден да кружат низ цело Скопје така 15 по ред…
МЈ: Океј…
НГ: Може?
МЈ: Добро, добро…
НГ: Значи нека си продужат до Драчево па од Драчево накај Бутел, не знам накај Партизанска, па Илинденска, па не знам каде и така нека извртат едно 10-15 круга, едно 4-5 саата нека возат…
МЈ: Добро…
НГ: Напрај им траса, да знаат кај треба да одат…
МЈ: Океј, ќе го организирам утре…
НГ: За да ги глеа народ…
МЈ: Добро…овие денеска цел ден го изгубив со тие…
НГ: Викни го и Коце на отварање, на тоа на донесување…
МЈ: Да, да, и Коце и овај Мишо…
НГ: Мишо, Коце и така…
МЈ: Ќе биде то оти негде околу први втори…
НГ: Викни го и Зоки Ставрески
МЈ: Океј
НГ: Ајде
МЈ: Важи чао