Лидерот на СДСМ, Зоран Заев откри дека Никола Груевски си купил Мерцедес вреден 600.000 евра со парите на граѓаните.
Ревносно се грижи за сопствените интереси. Си нарачал луксузно возило Мерцедес кое граѓаните го платиле 600.000 евра, како што нема пример во југоистична Европа.
Во првиот разговор Никола Груевски лично од проспекти си го нарачува возилото и бара да се нарача преку МВР, да биде фул, со масажери и да има назад екрани. Тој бара МВР да одглуми да прикаже дека е набавен за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Груевски планира како од државава ќе се вози со друго волзило, а со мерцедесот ќе се вози кога ќе е надвор и кога нема да го чекаат новинари. Тие прават и местење на јавната набавка со електронската аукција, рече Заев. Тој објави разговор помеѓу како што рече Никола Груевски и Гордана Јанкулоска, како и помеѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.
-Фантазија е, авион е тоа, ваква кола велат од Мерцедес не сме продале во Југоисточна Европа, се слуша на снимката, за која Заев рече зборува Гордана Јанкулоска со Мијалков.
23. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
ГЈ: Ало
НГ: Ало, Горде шо праиш?
ГЈ: Добро еве малку по дома весници и така…
НГ: За две работи те барам
ГЈ: Кажете…
НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок ама…
НГ: Тоа на М…на М…
ГЈ: Е добро океј…
НГ: Да не зборам сеа вака…
ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се…тоа тебе не ти требаат другите
ГЈ: Не ми другите по, тој шо треба е кај вас….хахах
НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
ГЈ: Да де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах..пратете ми го вие…
НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
ГЈ: Да да да…нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема пробчем тој ќе го напраиме…
НГ: Друго ќе видиш тој е фул као за….
ГЈ: Да де да, не, не, не океј си е…
НГ: …се знае тоа…
ГЈ: Мислам таму не може да има промашај на таа варијанта…хахах
НГ: Да да
ГЈ: Така да супер…
НГ: Така да почни ја постапката, терај ја
ГЈ: Да да да, ние ќе го напраиме само вие пуштете ми го назад проспектов, за да…
НГ: Утре го добијаш…
ГЈ: Да, да, да, да биде ко шо треба работава…сеа да не зборам и ја многу…
24. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…
ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја милам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот шо ми е таму мислам е… отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…
НГ: Да де да…
ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…
НГ: Да да…
ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не моеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…
НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се забораи кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…
ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…
НГ: Да, да…
ГЈ: Мислам не може да не дере нели…
НГ: Да да…Ова го примив што го остаи го видов… вчера и ми го најави тој човекот
ГЈ: Да да, добро јас сакав и му реков да напраи белешка знаете да си имаме да сме на чисто…
НГ: Да, па тие што викаш ти што останале работи нека ги пратат кај нас и така, кај Лена
ГЈ: Океј, па јас му реков викам остај ги кај тебе у каса негде дур не се договориме, да не ги шетаме оти они знаете, кај нас мислам без оглед шо максимално дискретно, они мора да напраат од кај е што е… ради нели, да се заштитат со процедура, уште денес ќе ги пратиме у некоја кутија кај Ленче…
НГ: Кај Лена на рака да…
ГЈ: Да да, океј договорено претседателе…
НГ: Пријатно…