(ВИДЕО) Груевски: Јанкулоска и Мијалков ќе влезат во учебници

Од:

Пред гласањето во парламентот, премиерот Никола Груевски пред пратениците кажа дека министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на УБК, Сашо Мијалков поднеле оставки понесени од намерата со своето повлекување да допринесат да се смири политичката криза и не сакајќи да бидат причина за натамошна ескалација на кризата.

– Се работи за личности кои дадоа влог во развојот и стабилноста на државата. под нивно водство, граѓаните видоа како се бранат интересите на Македонија, како со многуте предизвици се справуваат како што беше и акцијата во Куманово. Тие секогаш стоеа зад интресите на македонскиот народ, се бореа за нив. Тие се заслужни и за борбата со криминалот и корупцијата во Македонија, затоа станаа трн во окото на секој криминалец, без разлика дали е осуден или аболициран, рече Груевски за Јанкулоска и Мијалков.

– Миле Јанакиески е фанатичен работник, неверојатно брз и ефикасен, енергичен човек кој помагаше секому, работеше по 15 часа на ден, не се штедеше ниту за празници ниту за викенди, помогна на илјадници граѓани на Македонија, рече Груевски за досегашниот министер за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма